КРИВИЧНА ЗА ЖИТЕЛ НА СЕЛО БОЈАНЕ КОЈ ЛАЖНО СЕ ПРЕТСТАВУВАЛ Со измама одзел 7.750 евра

Според пријавата, во текот на мај 2025 тој со лажно прикажување факти довел во заблуда едно лице, претставувајќи се како вработен во суд и нудејќи „помош“ за неговиот син да биде ослободен од притвор за договорен паричен износ.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 41-годишниот Н.З. од селото Бојане, скопско, поради сомнение дека извршил кривично дело „измама“.

Според пријавата, во текот на мај 2025 тој со лажно прикажување факти довел во заблуда едно лице, претставувајќи се како вработен во суд и нудејќи „помош“ за неговиот син да биде ослободен од притвор за договорен паричен износ.

По изготвување жалба кај адвокат по изречениот притвор, оштетениот во три наврати му исплатил вкупно 7.750 евра, но пријавениот не ја исполнил ветената услуга, по што случајот бил пријавен во полицијата.

CATEGORIES
Share This