КРАЈ НА ЕРАТА – Симеоне под отказ во Атлетико Мадрид
Лошата форма и несогласувањата околу трансферите го доведоа работниот статус на Симеоне во ризик.

Диего Симеоне (55) може да го напушти кормилото на Атлетико Мадрид, клуб кој го предводи од декември 2011 година. За време на неговиот мандат, Аргентинецот постигна извонредни резултати, вклучувајќи две титули шампион на Ла Лига, пред Реал Мадрид и Барселона.
Според каталонскиот весник „Спорт“, раководството на Атлетико сериозно ја разгледува иднината на Симеоне. Иако има договор до 2027 година, наводно се наоѓа во затегнати односи со новиот спортски директор, Матеу Алемани.
Клубот е третопласиран во Ла Лига со десет бода заостаток зад лидерот Барселона, а во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите загуби од Бодо/Глимт. Ова значи дека Атлетико ќе мора да игра плеј-оф за да се пласира во нокаут-фазата. Лошата форма и несогласувањата околу трансферите го доведоа работниот статус на Симеоне во ризик.
Симеоне е еден од најплатените тренери во светот со годишна плата од 13 милиони евра. Тој би можел сам да одлучи да замине доколку клубот не ги постигне поставените цели оваа сезона, но пронаоѓањето на негова замена ќе биде голем предизвик. Според информации, Алемани веќе ја започнал потрагата по потенцијален наследник, а главна цел е Андони Ираола од Борнмут.
За време на својот долгогодишен мандат, Симеоне со Атлетико освои две титули во Ла Лига, двапати Лига Европа, Купот на кралот, шпанскиот Суперкуп, двапати УЕФА Суперкуп и двапати играше во финалето на Лигата на шампионите. Четири пати е прогласуван за тренер на годината во Ла Лига, а во 772 натпревари забележал 457 победи, 166 нерешени и 149 порази.


