КРАЈ НА ЕДНА ЕРА – Орбан се откажува од мандатот по 36 години во парламентот
Одлуката доаѓа по внатрешни промени и реорганизација во Фидес.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека се откажува од својот пратенички мандат, кој го освои како носител на листата на Фидес-КДНП на последните парламентарни избори по 36 години како член на парламентот. Одлуката ја образложи со тоа дека мандатот е „пратенички мандат на партијата“, а не личен, и дека во овој момент приоритет е внатрешната реорганизација на националната партија.
Орбан нагласи дека пратеничката група на Фидес ќе биде формирана во понеделник, а нејзиното раководење ќе го преземе Гергељ Гуљаш, висок партиски функционер и поранешен шеф на неговиот кабинет.
Тој најави и промени во партиските планови, па така редовниот конгрес на Фидес, првично закажан за есен, ќе биде поместен и одржан во јуни. Според него, претседателството му предложило да остане на чело на партијата, а доколку конгресот му ја даде довербата, е подготвен да ја продолжи таа функција.
Од кабинетот на унгарскиот претседател Тамаш Шујок е соопштено дека конститутивната седница на новиот состав на Националното собрание е закажана за 9 мај.
