КОНТРОВЕРЗЕН ПОТЕГ НА ЕП – Португалски ракометар во „шпионска“ акција

Иако прислушкувале, Португалија на крај не ја искористи предноста

КОНТРОВЕРЗЕН ПОТЕГ НА ЕП – Португалски ракометар во „шпионска“ акција
Фото: Социјални мрежи

На натпреварот од Европското првенство помеѓу Португалија и Норвешка (35-35), португалскиот ракометар Мигел Невеш беше фатен како за време на тајмаут држи iPad до увото, обидувајќи се да ја прислушува норвешката клупа.

Невеш призна дека го правел тоа затоа што го разбира норвешкиот јазик. Сепак, Португалија не успеа да ја искористи информацијата, а натпреварот заврши без победник.

Експертите оценија дека потегот е надвор од спортското однесување, а Европската ракометна федерација (ЕХФ) предупреди дека тоа не е ферплеј.

CATEGORIES
Share This