КОНРАД ХАРДЕР СЕ СЕЛИ ВО ЈАПЦИГ Новата фудбалска приказна во Германија

Данскиот напаѓач Конрад Хардер ќе ја продолжи својата кариера во Германија, потпишувајќи договор со РБ Лајпциг. Иако првично беше сметан за наследник на Ѓокереш, кој се пресели во Арсенал, сега Хардер доаѓа во бундеслигашот како замена за Луис Опенда, кој реши да се приклучи на Торино.
Информацијата за трансферот на Хардер ја потврди познатиот новинар Фабрицио Романо, кој со својот препознатлив стил објави: “here we go”. Според најавите, договорот е вреден вкупно 26 милиони евра, а играчот доаѓа од Спортинг.
Конрад Хардер веќе е во Германија, каде што ги завршува медицинските прегледи и потпишувањето на договорот. Тој го избра проектот на Лајпциг како своја приоритетна опција, што дополнително ја потврдува неговата посветеност кон новиот клуб.


