КОНЦЕРТ НА ВАСКО ДУКОВСКИ ВО МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА Промотор на современата експериментална музика

На програмата се „Музички вечери“ од Бритн, Интродукција, Тема и варијации за кларинет и оркестар од Росини и Симфонија бр. 41 „Јупитер“ од Моцарт.

КОНЦЕРТ НА ВАСКО ДУКОВСКИ ВО МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА Промотор на современата експериментална музика

По настапот во виенскиот „Музикферајн“, Македонската филхармонија се враќа на својата матична сцена, каде што во четврток од 20 часот ќе настапи заедно со кларинетистот Васко Дуковски и диригентот Марк Кадин од Украина.

На програмата се „Музички вечери“ од Бритн, Интродукција, Тема и варијации за кларинет и оркестар од Росини и Симфонија бр. 41 „Јупитер“ од Моцарт.

Васко Дуковски, македонски кларинетист, композитор и педагог со светска кариера, настапува на големите сцени од Њујорк до Шангај. Тој е професор на Универзитетот за уметности во Нанџинг, а предавал и на Џулијард и Квинс Колеџ. Познат е како истраен промотор на современата и експерименталната музика.

CATEGORIES
Share This