КОМБЕ СО СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ИЗЛЕТАЛО ОД МОСТ НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП-РАДОВИШ – Три жртви и двајца тешко повредени
Несреќата се случила кога комбе, во кое се превезувале работници, излетало од мостот над Балталиска Река.

Тројца работници од Бангладеш загинаа, а двајца се тешко повредени кога комбе утринава излетало од мост на Балталиска Река, кај селото Лакавица на експресниот пат Штип–Радовиш.
Медицинските екипи констатирале смрт на две лица, додека третото подоцна им подлегнало на повредите. Повредени се уште еден работник и возачот на комбето, од кои едниот е хоспитализиран во Клиничка болница–Штип.
Причините за несреќата се истражуваат.
CATEGORIES Македонија


