КОИ ЌЕ БИДАТ НОВИТЕ ПРАТЕНИЦИ- Одлучуваше ДИК на вчерашната седница
Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов ќе бидат новите пратеници во Собранието наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски, кои станаа градоначалници, одлучи Државната изборна комисија.

Како што информира претседателот на ДИК, Борис Кондарко, тројцата нови пратеници доаѓаат од листата на коалицијата „Твоја Македонија“. Стојановски го заменува Игор Никовски, кој се откажал од мандатот.
ДИК ќе ги извести Собранието и ќе издаде уверенија за новите пратеници – Николовска и Стојановски од Изборната единица 1, а Андонов од Изборната единица 4. Собранието потоа треба да ги верификува нивните мандати.
На истата седница, ДИК донесе одлука за исплата на средства на своите вработени, на припадниците на МВР и на другите ангажирани лица за враќање и бришење на податоците од уредите за биометриска идентификација користени на изборите.
CATEGORIES Македонија


