КОЦЕВСКИ ПРОПУШТИ ШАНСА ЗА ПРОМЕНИ – Мицкоски остро кон јавниот обвинител
Премиерот нагласува дека јавноста сведочи за резултатите од работата на Обвинителството и судовите.

Фото: Национал
Премиерот Христијан Мицкоски жестоко реагираше на изјавата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кој тврди дека иницијативата за негово разрешување е политички мотивирана.
„Коцевски имаше шанса да направи промени, но не ја искористи. Јавноста веќе сведочи за неговата работа и за работата на судовите. Малкумина можат да направат промена, а тој останува заробеник во рамките на Обвинителството“, рече Мицкоски.
Во врска со предметите за дивоградбите во Чаир – едниот по допрен глас, другиот по пријава на поранешната градоначалничка Данела Арсовска – Мицкоски е јасен:
„Органите треба да си ги вршат своите задачи. Доколку има основа за кривични дела, нема дилема“, истакна премиерот.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест

