КОАЛИЦИЈА МЕНУВАМЕ – Предложен електронски систем за деца и лица со посебни потреби

Регистарот ќе биде исклучиво за институционална координација, не јавна база на податоци

КОАЛИЦИЈА МЕНУВАМЕ – Предложен електронски систем за деца и лица со посебни потреби
Фото: Принтскрин

Коалицијата „Менуваме“ подготви нацрт-закон за воспоставување онлајн регистар на деца и лица со попреченост и посебни потреби. Предлогот е ставен на јавна консултација, по што ќе биде доставен до Собранието и Владата.

Оттаму нагласуваат дека регистарот не е јавна база на податоци и не служи за надзор или етикетирање. Тој е безбеден и централен електронски систем, наменет исклучиво за координација меѓу институциите.

„Регистарот ќе обезбеди строги контроли на пристап и силни заштитни мерки. Целта е да се намали административната дупликација и да се овозможи континуирана поддршка за најранливите, чии права зависат од ефикасна соработка меѓу здравствените, образовните и социјалните служби“, велат од „Коалиција Менуваме“.

Нацрт-законот гарантира целосна заштита на личните податоци според меѓународните стандарди и користи агрегирани и анонимизирани податоци за подобрување на јавните политики.

CATEGORIES
Share This