КОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА – МРТ бара нов директор

Конкурсот е отворен 15 дена, а кандидатите мора да достават и тригодишна програма за работа.

КОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА – МРТ бара нов директор
Фото: Национал

Распишан е јавен конкурс за избор на директор и заменик-директор на Македонската радио-телевизија (МРТ), кој беше објавен вчера.

Согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Статутот на МРТ, двете функции се избираат со мандат од три години, со можност за повторен избор.

Кандидатите треба да имаат завршено високо образование и да достават тригодишна програма за работа на МРТ. Дополнително, се бара најмалку осум години работно искуство во области како комуникологија, новинарство, информатика, култура, економија или право, како и минимум четири години искуство во раководење со организација.

Рокот за пријавување е 15 дена.

Моментален директор на МРТ е Марјан Цветковски, кој ја извршува функцијата од 2012 година.

CATEGORIES
Share This