КЛОП ПРЕДИЗВИКА БУРА СО НОВАТА ОБЈАВА Враќањето е неизбежно?

КЛОП ПРЕДИЗВИКА БУРА СО НОВАТА ОБЈАВА Враќањето е неизбежно?

По повеќе од една година без тренерска позиција, Јирген Клоп најде нова улога во светот на фудбалот. Откако ја напушти клупата на Ливерпул, германскиот стратег стана главен човек за фудбалските клубови на Ред Бул. Сепак, последните информации сугерираат дека Клоп би можел повторно да се врати на тренерската сцена.

Навивачите на Ливерпул, незадоволни од актуелните резултати, се организираа и почнаа да повикуваат на замена на тренерот Арне Слот, со надеж дека Клоп ќе се врати во клубот. Ред Бул, кој е партнер на Лидс Јунајтед, активно работи на тоа да го убеди Клоп да ја преземе управата над оваа екипа и да се врати во тренерската професија.

Сепак, Клоп остави многу простор за шпекулации со својата последна објава на социјалните мрежи. „Враќањето е блиску“, напиша тој, што предизвика огромен интерес и лавина од коментари во фудбалскиот свет. Сите очи сега се вперени кон него, чекајќи да видат какви ќе бидат следните чекори на овој познат тренер.

CATEGORIES
Share This