КЛОП НА ЧЕКОР ДО РЕАЛ МАДРИД – Поставил пет услови за преземање на тимот
Германскиот тренер бара трансфери на поранешни Ливерпул играчи

Фото: Принтскрин
Иако самиот јавно изјави дека во блиска иднина нема да се врати на тренерската работа, некој сепак може да му каже „не“ и тоа е Дон Флорентино Перез. Станува збор за Јирген Клоп, а шпанските медиуми се повеќе пренесуваат дека Германецот би можел да седне на клупата на Реал Мадрид по завршувањето на сезоната.
Клоп, според извори, веќе поставил неколку услови за преземање на тимот. Тој бара да доведе двајца поранешни играчи од Ливерпул – Доминик Собослај и Алексис Мекалистер како и стоперот Ник Шлотербек. Во меѓувреме, би отстранил двајца сегашни фудбалери, Фран Гарсија и Дани Себаљос, поради недисциплинираност. Според проценките, оваа трансфер-мисија би чинела околу 250 милиони евра.
CATEGORIES Фудбал

