КИНЕСКА ВЕЧЕР НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“: Вечер посветена на врвната класична музика

Во рамки на „Охридско лето“, вечерва во црквата „Света Софија“ ќе се одржи Кинеска вечер со настап на истакнати уметници – флејтистите Јуе Гуангхуи и Ванг Веи, мецосопранистката Аи Ву и пијанистката Хоу Јуан.

Јуе Гуангхуи е млада талентирана флејтистка од Шангај со бројни награди од натпревари во Франција, Унгарија и Швајцарија. Ванг Веи е етаблиран флејтист и професор, со богата интернационална кариера, настапи на фестивали на УНЕСКО и бројни награди, како и долгогодишна педагошка дејност во Кина и Франција.

Мецосопранистката Аи Ву е добитничка на повеќе меѓународни награди, настапувала во водечки француски оперски куќи и фестивали, и активно работи на унапредување на културните врски меѓу Кина и Франција.

Пијанистката Хоу Јуан, со образование во Кина и Франција, настапува на бројни меѓународни фестивали и натпревари, посветена е и на педагошката работа и камерната музика.

На програмата се дела од Форе, Равел, Сен-Санс, Дебиси, Енеску, Бизе и други, како и композиции од современи кинески автори.

CATEGORIES
Share This