КИЛИ ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ВО ЕКВАДОР – Покрај океанот

Актерот почина на 58-годишна возраст во Еквадор, каде живееше од 2014 година.

КИЛИ ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ВО ЕКВАДОР – Покрај океанот
Фото: Принтскрин

Актерот Кирил Поп Христов, познат како Кили, почина на 58-годишна возраст во Еквадор, каде живееше од 2014 година. Според семејството, тој починал во сон од инфаркт.

„Кили ќе биде погребан во Еквадор, во Мангларалто, покрај океанот“ – објави на социјалните мрежи неговата сопруга Гордана Деан Поп Христова, кореографка и професорка по современ танц, основач на балетското студио „Ребис“.

Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1993 година работел во Македонскиот народен театар во Скопје.

Тој е познат по улогите во филмовите и сериите „Тетовирање“, „Македонска Сага“, „Пикасо“ и „Трст виа Скопје“. Кили останува запаметен како еден од значајните македонски актери на својата генерација, со бројни улоги кои оставија траен белег во театарското и филмското наследство во земјата.

Нека почива во мир. Сочувство до семејството.

CATEGORIES
Share This