КАВГАТА ВО МАК-ФУДБАЛОТ ПРОДОЛЖУВА – И Омерагиќ му возврати на Ангеловски

Омерагиќ ја критикува кратката кариера на Ангеловски и го обвинува за лични амбиции пред интересите на репрезентацијата.

КАВГАТА ВО МАК-ФУДБАЛОТ ПРОДОЛЖУВА – И Омерагиќ му возврати на Ангеловски
Фото: Принтскрин

По вчерашнат жестока кавга за што пишуваше Национал меѓу Игор Ангеловски од една страна и Пандев и Јовчев од друга страна, денес со брутален одговор се огласи и претседателот на федерацијата, Масар Омерагиќ.

Омерагиќ не штедеше зборови, обвинувајќи го Ангеловски дека ги става своите лични цели пред доброто на репрезентацијата и новиот проект со Гоце Седлоски. Првиот човек на ФФМ посочи дека Ангеловски бил свесен дека е еден од кандидатите, но федерацијата се одлучила за „нова енергија“.

„Крајно некоректно беше веднаш да реагира. Му посакувам добро здравје и да поработи на тренерските способности, бидејќи неговите последни ангажмани траеја пократко од рокот на јогуртот во супермаркет“, изјави Омерагиќ, со иронија кон кратките клупски ангажмани на Ангеловски по заминувањето од репрезентацијата.

Претседателот истакна дека работи про-боно и дека навредите упатени кон него и неговите соработници зборуваат повеќе за оној што ги изговорил. Тој откри дека лично го контактирал Ангеловски пред изборот, при што тренерот наводно ветил поддршка за одлуката, која подоцна прерасна во јавен конфликт.

„Не сакам тој да се претвори во ѕвезда на месецот. Тоа што нè нарече стаорци, негово си е. По таков напад, мораше да си каже и другата страна“, заклучи Омерагиќ.

Очигледно е дека јазот меѓу најуспешниот селектор во историјата на македонскиот фудбал и моменталното раководство на ФФМ е голем. Именувањето на новиот селектор, Гоце Седлоски, предизвика бура во јавноста, а македонскиот фудбал е сведок на „ниски удари“ кои не му одат во прилог на спортот.

ЦИРКУС ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ Пцовки, лингур, шарлатан, клошар и јавна пресметка меѓу Ангеловски, Пандев и Јовчев

CATEGORIES
TAGS
Share This