КАКВИ ЦРВЕНИ ЛИНИИ СО БУГАРИЈА, КАКВИ БАКРАЧИ Прифатен условот на Спасовски – останува координатор а Филипче да не бара црвени линии

Спасовски не се сложувал со Резолуцијата на Филипче за црвени линии со Бугарија

КАКВИ ЦРВЕНИ ЛИНИИ СО БУГАРИЈА, КАКВИ БАКРАЧИ Прифатен условот на Спасовски – останува координатор а Филипче да не бара црвени линии
Фото: Принтскрин

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, потврди дека Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група во Собранието, демантирајќи ги информациите дека побарал разрешување поради несогласувања за надворешнополитички прашања.

Филипче појасни дека недоумиците меѓу нив се појавиле меѓу двата изборни круга и биле резултат на техничко недоразбирање, кое во меѓувреме е надминато.

„Стануваше збор за непријатна, но ненамерна ситуација. По разговорите, недоразбирањето е расчистено и Спасовски останува координатор“, изјави тој.

Национал веќе пишуваше дека недоразбирањата биле поврзани со Резолуцијата за односите со Бугарија, која СДСМ ја објави пред локалните избори.

Филипче најави и кадровски промени во раководството на СДСМ следната недела, кога ќе бидат избрани двајца нови потпретседатели по оставката на Ана Чупевска и разрешувањето на Методија Илиевски, кој заминал во странство за време на изборниот процес. Дополнително, ќе има и измени во Извршниот комитет на партијата.

CATEGORIES
TAGS
Share This