КАКО СИН СИ ГО САКАВ АНДРЕЈЧО ОД ДНК – Никогаш нема да го преболам
Трагичниот настан што се случи на 16 март ја потресе цела држава. Смртта на Андреја остави голема празнина во срцата на неговите најблиски, но и кај бројните обожаватели ширум земјата. Македонија остана без една голема душа и уметник, кој зад себе остави љубов, музика и непребол.

Три месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, македонскиот пејач Наум Петрески со тешко срце и солзи во очите проговори за првпат јавно за загубата на својот близок пријател, Андреја Ѓорѓиески – членот на популарното дуо ДНК.
Во емотивно интервју за емисијата Бекстејџ, кое ќе биде објавено во понеделник, Петрески раскажува за нивното длабоко пријателство, спомени исполнети со љубов, и болката која остана по ненадејната смрт на Андреја.
„Андрејчо беше најхрабрата личност што ја познавав. Не беше висок, не беше корпулентен, но имаше лавовско срце. Немаше страв од никого. Толку бевме блиски што ме викаше тате. Како син си го сакав“, вели Наум Петрески, со глас што тоне во тага.
Наум и Андреја имале заеднички планови и идеи кои, за жал, останаа неостварени. Нивното пријателство било исклучително силно, а спомените кои Наум секојдневно ги споделуваше на социјалните мрежи сведочеа за нивната блискост. Сега, кога конечно собра храброст да зборува, емоциите го надвладеаја.
„Тие повреди ми беа инспирација…“ – зборови кои самиот Андреја ги кажал во едно претходно интервју за Бекстејџ, видео што неодамна беше објавено како потсетување на неговата искреност, човечност и топлина.
„Секогаш сум бил тоа што сум. Никогаш не сум бил ‘Андреј од ДНК’, туку Андреја. Многу често сум излегувал будала, бидејќи кога ќе дадеш сè – веќе не си интересен“, вели Андреја во видеото, со глас полн искреност.
Под видеото, од „Бекстејџ“ напишаа:
„Беше емоција. Беше душа. Беше нашиот човек. Вечен. Непреболен. Андреја.“
Трагичниот настан што се случи на 16 март ја потресе цела држава. Смртта на Андреја остави голема празнина во срцата на неговите најблиски, но и кај бројните обожаватели ширум земјата. Македонија остана без една голема душа и уметник, кој зад себе остави љубов, музика и непребол.


