КАДЕ Е НОБЕЛОВЕЦОТ ЗАЕВ – На скијање во Гармиш-Партенкирхен кај пребеганиот милионер, секако
Не е познато дали Заев пристигнал директно од Дубаи или од некоја друга егзотична дестинација

Фото: Принтскрин
Поранешниот премиер Зоран Заев ја честита Новата 2026 година со фотографија од Германија, од ексклузивното скијалиште Гармиш-Партенкирхен, во близина на Минхен. Според Вечер, тој е гостин на имотот на пребеганиот Енис Колашинац од „Зобек Мајнинг“, осомничен за милионски злоупотреби во РЕК Битола.
Не е познато дали Заев пристигнал директно од Дубаи или од некоја друга егзотична дестинација, но, како што се наведува, двете први дами на семејствата потврдуваат блиски врски меѓу нив. Од пред неколку денови, друштво им прави и лидерот на СДСМ Венко Филипче.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


