КАДЕ БИЛО, КОГА БИЛО, ИСТАНБУЛ, ВАТИКАН, ШВАЈЦАРИЈА Зеленски подготвен за директна средба со Путин

По завршувањето на разговорите, двете страни постигнаа договор за размена на сите тешко повредени и тешко болни воени заробеници, како и млади војници на возраст од 18 до 25 години, според принципот „сите за сите“.

КАДЕ БИЛО, КОГА БИЛО, ИСТАНБУЛ, ВАТИКАН, ШВАЈЦАРИЈА Зеленски подготвен за директна средба со Путин
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност веднаш да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, со цел постигнување прекин на огнот и завршување на војната во Украина.

Во обраќање пред медиумите, Зеленски нагласи дека украинската страна е подготвена за дијалог на највисоко ниво и предложи неколку можни локации за одржување на средбата, меѓу кои Истанбул, Ватикан и Швајцарија.

„Русите не се подготвени за прекин на огнот. Велат дека тоа не е прашање за делегациите, туку за самите лидери. Ние сме подготвени за состанок веднаш. Местото на средбата нека го изберат тие – Истанбул, Ватикан, Швајцарија – сите се прифатливи. Во понеделник или кој било друг ден“, изјави Зеленски, пренесува украинската новинска агенција Укринформ.

Изјавата доаѓа по втората рунда преговори меѓу руската и украинската делегација, која се одржа во понеделник во палатата Чираган во Истанбул и траеше повеќе од еден час.

По завршувањето на разговорите, двете страни постигнаа договор за размена на сите тешко повредени и тешко болни воени заробеници, како и млади војници на возраст од 18 до 25 години, според принципот „сите за сите“. Дополнително, договорена е и размена на телата на околу 6.000 загинати војници.

Киев официјално предложи одржување на лидерска средба до крајот на месецот, со надеж дека директниот дијалог ќе придонесе кон трајно политичко решение и ставање крај на конфликтот.

CATEGORIES
TAGS
Share This