ИЗВРШЕНА СМРТНА КАЗНА – Иран го казни шпионот кој им давал информации на израелската служба Мосад
Обвинетиот бил регрутиран преку интернет додека бил во Шведска и испраќал информации за чувствителни локации во Иран.

Рано утрово, Иран ја изврши смртната казна врз маж обвинет за шпионажа за израелската разузнавачка служба Мосад.
Според иранската новинска агенција Тасним, обвинетиот им обезбедувал на Мосад фотографии и информации за чувствителни локации во земјата. Извршувањето на казната се случило по завршување на законската постапка и одобрување од Врховниот суд.
Според извештаите, мажот бил регрутиран преку интернет додека бил во Шведска, откако своите податоци ги објавил на веб-страница за групни патувања. Првиот контакт го направил офицер на Мосад кој зборувал персиски.
Тој бил уапсен од Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) во јуни минатата година, за време на 12-дневната војна со Израел. Кај него била пронајдена софистицирана шпионска, разузнавачка и сателитска комуникациска опрема, како и 30.000 евра во готово.


