ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНА БАНКА – Депозити и кредити растат
Трендови кај краткорочни и долгорочни депозит

Во декември 2025 година, Народната банка забележа раст на депозити и кредити во Македонија. Вкупни депозити бележат зголемување од 10,1% на годишно ниво, главно поради растот на депозитите кај домаќинствата, при раст и кај корпоративниот сектор. Од друга страна вкупни кредити бележат исто така зголемување од 13,0% на годишна основа, со малку поголем придонес од корпоративниот сектор.
Кредити на домаќинствата покажуваат месечен раст од 0,9% и годишен раст: 10,9%. Поголем дел од растот е кај кредитите во денари.
Кредити според намена покажуваа дека потрошувачки кредити бележат зголемување на месечно +1,4%, а на годишно +10,6% додека станбени кредити месечно +1,7%, годишно +15,8% зголемување. Автомобилски кредити покажуваат намалување на месечно ниво -2,1% а зголемување годишно +1,3%. Кредити на кредитни картички: месечно -1,0%, годишно -5,5%. Негативни салда на тековни сметки и други кредити: месечно -16,4% и -1,4%, годишно -2,5% и -11,4%
Депозити на домаќинствата покажуваат големување месечно: +3,6%, главно поради раст на депозитните пари; краткорочните депозити благо пораснале, додека долгорочните се намалиле. Годишно се зголемиле за +12,1%, со најголем придонес од депозитните пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута.

