ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО СОФИЈА – Претседателот Радев штотуку поднесува оставка
Радев го напушта претседателскиот дворец по девет години на власт

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка од функцијата. На привремена основа, функцијата шеф на државата ќе ја преземе потпретседателката Илијана Јотова.
На вонреден брифинг, Радев нагласи дека бугарската демократија нема да преживее ако се остави под контрола на „корумпирани структури и екстремисти“. Тој додаде дека довербата на граѓаните го обврзува да ги штити институциите.
Радев потсети дека првпат бил избран пред девет години, а мандатот му бил обновен во 2021 година.
„Пред девет години гласавте за мене за да ѝ служам на Бугарија како претседател. Заедно поминавме низ низа кризи, напади од олигархијата и големи протести во 2020 и 2025 година. Денес ви се обраќам за последен пат како претседател. Ги признавам моите грешки“, рече Радев.


