ИЗМИНАТАТА НОЌ БЕШЕ ЕНОРМНО ЗАГАДЕН ВОЗДУХОТ ВО МАКЕДОНИЈА Најзагадена била Струмица
Граѓаните се советуваат да останат во затворени простории и да избегнуваат активности на отворено.

Минатата ноќ воздухот во повеќето македонски градови беше критично загаден, особено со ПМ2,5 честички опасни по здравјето. Најзагадена била Струмица со AQI 339, опасно дури и за здрави луѓе. Во Кичево, Скопје и Гостивар индексот бил 200–300, со највисоки вредности во скопските општини Карпош 2, Карпош 4 и Аеродром.
Граѓаните се советуваат да останат во затворени простории и да избегнуваат активности на отворено.
CATEGORIES Македонија


