ИЗИГРУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ – Клуч на врата на маркетите

Премиерот порача дека државата веќе неколку месеци спроведува контроли и дека дел од синџирите маркети веќе се санкционирани.

ИЗИГРУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ – Клуч на врата на маркетите
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски денеска предупреди дека маркетите кои нема да го почитуваат Законот за нефер трговски пракси ќе се соочат со значително повисоки казни, а за дел од нив, како што истакна, можно е и затворање.

„Веќе неколку месеци спроведуваме засилени контроли. Одредени синџири на маркети веќе беа санкционирани. Доколку продолжат да го изигруваат законот и да применуваат нефер трговски практики, ќе бидат принудени да стават клуч на врата“, изјави Мицкоски.

CATEGORIES
TAGS
Share This