ИЗБОРНАТА КАМПАЊА ЗАВРШУВА НА 17 ОКТОМВРИ – Започнува изборниот молк

За време на молкот, медиумите можат да продолжат да известуваат за текот на изборниот процес, но е забрането какво било медиумско претставување на учесниците во кампањата

ИЗБОРНАТА КАМПАЊА ЗАВРШУВА НА 17 ОКТОМВРИ – Започнува изборниот молк
Фото: Национал

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги информира радиодифузерите дека изборната кампања за првиот круг на Локалните избори завршува на 17 октомври 2025 година, во 24:00 часот. Од 18 октомври па сè до 19 октомври во 19:00 часот ќе важи изборен молк.

За време на молкот, медиумите можат да продолжат да известуваат за текот на изборниот процес, но е забрането какво било медиумско претставување на учесниците во кампањата.

Согласно Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета: објавување информации, фотографии, аудио или аудиовизуелни материјали поврзани со учесниците во изборите; какво било известување што отворено или прикриено е во функција на нечија кампања и може да влијае врз избирачите; откривање на идентитет на политички субјекти или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето и објавување изјави од кандидати, претставници на политички партии или носители на јавни функции.

CATEGORIES
Share This