ИЗБОРИ НА ЕСЕН, НО СО КАКВИ ИЗБОРНИ ПРАВИЛА Распишување на 8 август, прв круг на 26 октомври, втор на 9 ноември?

Сепак, неизвесност останува околу тоа дали изборите ќе се спроведат според изменет Изборен законик и каков ќе биде третманот на граѓанските иницијативи во изборната трка како и положбата на интернет порталите кои сега имаат обврска да се регистрираат во Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуги.

ИЗБОРИ НА ЕСЕН, НО СО КАКВИ ИЗБОРНИ ПРАВИЛА Распишување на 8 август, прв круг на 26 октомври, втор на 9 ноември?
Фото:Принтскрин

Локалните избори ќе бидат распишани на 8 август, а првиот круг најверојатно ќе се одржи на 26 октомври, додека вториот круг е планиран за 9 ноември, објавуваат медиумите.

Сепак, неизвесност останува околу тоа дали изборите ќе се спроведат според изменет Изборен законик и каков ќе биде третманот на граѓанските иницијативи во изборната трка како и положбата на интернет порталите кои сега имаат обврска да се регистрираат во Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуги.

По одлуката на Уставниот суд, со која беа укинати одредбите што го зголемија прагот на потребни потписи за независните кандидати, настана правен вакуум.

И покрај тоа, пратениците од власта и опозицијата повторно заеднички поднесоа измени за повторно зголемување на бројот на потребни потписи. Предлог-измените на Изборниот законик во моментов се заглавени во Собранието, поради блокадата од страна на ДУИ и недостигот на Бадентерово мнозинство.

CATEGORIES
TAGS
Share This