ИЗБОРЕН ХАОС ВО НОВО СЕЛО Наместо гласање, ливчиња со погрешни броеви

Во струмичкиот регион вкупно 1.308 лица гласаат денеска, од кои 514 во Струмица, 232 во Босилово и 162 во Василево.

ИЗБОРЕН ХАОС ВО НОВО СЕЛО Наместо гласање, ливчиња со погрешни броеви
Фото: Национал

Поради грешно испечатени редни броеви на носители на советнички листи, денеска не се спроведе гласањето на болните и изнемоштените лица во Општина Ново Село.

Од Државната изборна комисија информираа дека материјалот е повлечен и се дистрибуираат нови ливчиња, по што сите 400 пријавени лица ќе го остварат своето право на глас.

Во струмичкиот регион вкупно 1.308 лица гласаат денеска, од кои 514 во Струмица, 232 во Босилово и 162 во Василево.

CATEGORIES
TAGS
Share This