ИСТОРИСКИ УСПЕХ Дејан Милошевски стана прв Македонец со панамериканска и европска судиска лиценца

Дополнително, тој ја освои и лиценцата за кати, со што стана единствениот Македонец во историјата што поседува и европска и панамериканска судиска лиценца.

ИСТОРИСКИ УСПЕХ Дејан Милошевски стана прв Македонец со панамериканска и европска судиска лиценца
Фото: Принтскрин

Дејан Милошевски, Македонец кој живее во САД и почесен карате амбасадор на Македонија, стана првиот Македонец што ја доби највисоката континентална судиска лиценца Referee A од Панамериканската карате федерација. Ова престижно признание, едно од највредните во светот на карате судењето, се доделува по долги години искуство и низ пет последователни судиски лиценци – од судија Ц, преку Б и А, до Рефери Б и конечно Рефери А.

Милошевски беше дел од американската судиска делегација составена од 21 судија која ја претставуваше САД на ова историско првенство.

Дополнително, тој ја освои и лиценцата за кати, со што стана единствениот Македонец во историјата што поседува и европска и панамериканска судиска лиценца.

„Се подготвував со страст и визија. Сакав да бидам најдобар и да покажам од каде доаѓам. Судев неколку финалиња и со гордост кажував: Јас сум од Македонија. После овој шампионат, секој член на ПКФ ќе знае за Македонија“, изјави Милошевски.

Првенството, кое се одржа минатата недела и беше најголемото досега организирано од Панамериканската Карате Федерација, собра рекорден број од 563 натпреварувачи од 28 земји. За првпат беа вклучени и категориите до 21 година и Пара Карате, што дополнително ја подигна важноста на настанот.

CATEGORIES
Share This