ИРАН ТВРДИ – Десетици американски војници убиени и ранети
Иранската војска тврди дека во последните 24 часа убиени се десетици американски војници.

Иранската војска објави дека во последните 24 часа загинале 21 американски војник, а голем број биле ранети. Според соопштението на централниот штаб „Хатам ал-Аниранбија“, значителни жртви имало во Петтата флота и во американската база Ал Дафра во Обединетите Арапски Емирати. Исто така, и американски танкер бил погоден во северниот дел на Персискиот Залив.
Секретарот на Високиот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, претходно објави дека биле повеќе од 500 американски жртви. САД, пак, официјално признаваат смртта на шест војници.
На 28 февруари, САД и Израел започнаа операција против Иран со цел да го спречат стекнувањето нуклеарно оружје. Иран возврати со напади врз израелски и американски цели на Блискиот Исток. На првиот ден од конфликтот, врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, беше убиен, а во земјата беше прогласена четириесетдневна жалост.


