ИРАН СО ОСУДА ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ НУКЛЕАРНИ ТЕСТИРАЊА Изјавата на Трамп претставува закана за меѓународниот мир
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, повика светот да ги повика САД на одговорност.

Иран ја осуди изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за продолжување на нуклеарните тестирања, нарекувајќи ја „неодговорна“ и закана за меѓународниот мир.
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, повика светот да ги повика САД на одговорност. Трамп, пред средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја, му нареди на Пентагон да започне со тестирање на американското нуклеарно оружје по три децении пауза, наведувајќи дека тоа е одговор на програмите за тестирање во други земји.
CATEGORIES Свет


