ИРАН ПОД РИЗИК – Македонците повикани на итно заминување
Воедно, Министерството препорачува одложување на сите патувања кон Иран кои не се од итен и неопходен карактер

Поради сериозно влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија упатува итен апел до македонските државјани кои се наоѓаат во оваа земја, да ја напуштат нејзината територија штом се создадат првите безбедни и можни услови.
Воедно, Министерството препорачува одложување на сите патувања кон Иран кои не се од итен и неопходен карактер.
Од Министерството информираат дека се активирани сите расположливи капацитети за помош и асистенција на граѓаните на Република Северна Македонија. Поддршка може да се побара преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и преку дежурниот телефон на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара на бројот +90 539 456 97 10.


