ИРАН ОДГОВОРИ – Портпаролот го спореди говорот на Трамп со Гебелс

Портпаролот на иранското МНР, Есмаил Багеи, го нарече говорот на Трамп лажен и опасен.

ИРАН ОДГОВОРИ – Портпаролот го спореди говорот на Трамп со Гебелс
Фото: Принтскрин

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес остро реагираше на обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата во Иран, нарекувајќи ги неговите тврдења за Иран лажни. Тој додаде дека „професионалните лажговци“ умеат да создаваат илузија за вистина.

Багеи одговори на изјавите на Трамп дека САД ја уништиле иранската нуклеарна програма во нападот минатото лето, но дека Техеран „повторно“ се обидува да развие нуклеарно оружје. Трамп исто така тврдеше дека Иран има ракети кои претставуваат закана за Европа и САД и дека 32.000 лица биле убиени за време на неодамнешните протести.

„Повторувајте лага доволно често додека не стане вистина“ оваа пропагандна максима нацистот Јозеф Гебелс сега, според Багеи, систематски ја користи американската администрација и нејзините воени соработници, особено „геноцидниот ционистички ентитет“, за да ја шират својата кампања за дезинформации против Иран.

Тој нагласи дека сите тврдења за иранската нуклеарна програма, балистичките ракети и бројот на жртви во јануарските немири се „големи лаги“ и дека никој не треба да се измами од нив.

CATEGORIES
Share This