ИНВЕСТИЦИЈА ОД 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА НА „КАЗАНЧИ ГРУП“ ЗА ИЗГРАДБА НА ГАСНИ ЦЕНТРАЛИ Трајно решение за аерозагадувањето
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасна стратегија и план за енергетскиот сектор во служба на граѓаните. За енергетска ефикасност, енергетска стабилност и независност на државата.

Турската компанија „Казанџи груп“ ќе инвестира една милијарда евра во изградба на гасни когенеративни централи, гасоводна и топловодна мрежа во Македонија. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон енергетска стабилност, независност и трајно решение за проблемот со аерозагадувањето.
Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, потпишан е меморандум за соработка со оваа светски реномирана компанија, со што се официјализира влезот на „Казанџи груп“ во македонскиот енергетски сектор.
„Во Македонија ќе се инвестираат 1 милијарда евра за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративни централи со вкупен инсталиран капацитет од 500 MW. Овие капацитети ќе произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво“, соопштуваат од партијата.
Компанијата „Казанџи Холдинг“ е водечка турска енергетска корпорација со над 25 години искуство. Оперира во 22 земји на четири континенти, со инсталирани капацитети над 3.500 MW во осум држави.
„Освен придонесот кон енергетската стабилност, изградбата на гасните когенеративни централи ќе значи и трајно решение за проблемот со загадениот воздух – особено во урбаните средини“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасна стратегија и план за енергетскиот сектор во служба на граѓаните. За енергетска ефикасност, енергетска стабилност и независност на државата.
„Владата има јасна стратегија за развој на енергетскиот сектор – во служба на граѓаните, за енергетска ефикасност, стабилност и независност. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија“, се заклучува во соопштението.


