ИМПРОВИЗАЦИЈА, ЏЕЗ И ЕЛЕКТРОНИКА Џорлев, Спировски и Георгиевски со заеднички сет во Дуња

ИМПРОВИЗАЦИЈА, ЏЕЗ И ЕЛЕКТРОНИКА Џорлев, Спировски и Георгиевски со заеднички сет во Дуња

На 11 декември во 20 часот, во Социјален центар – Дуња ќе настапат заедно Мартин Џорлев (гитара), Нинослав Спировски (саксофон, кларинет) и Мартин Георгиевски (електроника).

Мартин Џорлев е познат по работата со инди-рок/пост-панк бендот Луфтанза, како и со групи како Zulu 3.4, Стој, После! и Животни.

Нинослав Спировски е фри џез кларинетист и саксофонист, дел од новиот бран импровизирана музика во Македонија. Најпознат е по проектите Светлост и Светлост + Одрон Ритуал Оркестра.

Мартин Георгиевски, активен како Amplidyne Effect, создава електронска и експериментална музика од 2009 година. Има бројни изданија и настапи на фестивали како Pohoda, PNEM, De:sonanz и Скопскиот џез фестивал.

CATEGORIES
Share This