ИЕА ДО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Генералните субвенции не го спасуваат пазарот
Земјите-членки се повикани да ја насочат помошта кон оние кои навистина имаат потреба

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предупреди дека генералните субвенции не се најдобар начин за справување со намалувањето на залихите на фосилни горива, предизвикано од блокадата на Ормуската Теснина. Наместо тоа, агенцијата советува поддршката да се насочи кон оние кои навистина имаат потреба.
ИЕА, со седиште во Париз, ги повика земјите-членки, кои минатиот месец ослободија 400 милиони барели од стратешките резерви за да ги смирaт пазарите, да преземат и други мерки, како намалување на воздушниот сообраќај и побавно возење, објави „Гардијан“.
Поради намалувањето на залихите и растот на цените, земјите ширум светот прибегнуваат кон користење јаглен, рационализирање на горивото, скратување на работните недели и апели до граѓаните да останат дома.
Велика Британија ги повика граѓаните да останат смирени, додека цените на горивата растат, избегнувајќи директни мерки за ограничување на побарувачката и концентрирајќи се на финансиска поддршка за домаќинствата кои користат нафта за греење.
Во Нов Зеланд, пак, скоро 150.000 најсиромашни семејства ќе добиваат неделни готовински плаќања како дел од пакетот за помош за гориво.
Австралија воведе намалување на акцизата за гориво за 50% во период од три месеци и објави национален план за безбедност на горивото, при што владата ги охрабрува возачите да „купуваат само гориво што им е потребно“.
