ИАКО ВАЖЕШЕ ЗА ФАВОРИТ, „ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН“ НЕ ВЛЕЗЕ МЕЃУ 15-ТЕ ФИЛМОВИ ЗА ОСКАР Документарниот филм освои бројни меѓународни награди
Годинава конкуренцијата беше рекордно голема, со 201 документарен филм.

Американската филмска академија го објави потесниот избор за Оскар 2026, но „Приказната за Силјан“ не влезе меѓу 15-те документарни филмови, иако важеше за фаворит.
Режисерката Тамара Котевска изјави дека е горда што македонска приказна одекнала во светот и добила силна поддршка од јавноста.
Годинава конкуренцијата беше рекордно голема, со 201 документарен филм. „Приказната за Силјан“ беше квалификувана во категориите најдобар странски филм и најдобар документарец, откупена е од National Geographic и има бројни меѓународни награди и номинации. Филмот продолжува со кино-прикажувања.
CATEGORIES Култура


