И СЛУГАТА ИМА ШТО ДА КАЖЕ – Џабир Дерала човекот на странските пари, зборува за „слуги“

И СЛУГАТА ИМА ШТО ДА КАЖЕ – Џабир Дерала човекот на странските пари, зборува за „слуги“

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, на панел-дискусијата „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“ изјави дека нема политичка волја за промена на изборниот модел, бидејќи сегашниот им носи корист на владејачките структури.

Тој порача дека национализмот е најевтиниот начин за политички профит, а медиумите се претвориле во „слуги на партиските и олигархиските центри на моќ“. Според него, авторитарните режими шират страв и недоверба преку хибридни војни и кампањи за да ги одвратат граѓаните од гласање.

Дерала додаде дека сиромаштијата го урива значењето на изборните права, бидејќи луѓето се принудени да прифаќаат поткуп за егзистенција. Тој повика на транспарентност на институциите, дигитална и медиумска писменост и поддршка за истражувачко новинарство.

Инаку, Џабир Дерала е лик кој целиот живот го помина на пари од странски извори со агенда за бришење на името, идентитетот, историјата и традицицјата на македонскиот народ. Оттука големиот парадокс. Дерала вели дека медиумите се слуги – а тој чиј слуга е?

CATEGORIES
Share This