И МЕЛАНИЈА СЕ ВКЛУЧИ ВО УКРАИНСКАТА ВОЈНА – Еве што пишува во писмото до Путин

И МЕЛАНИЈА СЕ ВКЛУЧИ ВО УКРАИНСКАТА ВОЈНА – Еве што пишува во писмото до Путин

Првата дама на САД, Меланија Трамп му упатила писмо на рускиот претседател Владимир Путин преку нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп. Според „Фокс њуз“, во документот таа го повикува Путин да преземе чекори за заштита на децата.

„Со заштита на нивната невиност, нема само да ѝ служите на Русија – туку и на целото човештво. Тоа е визија која ги надминува сите разлики меѓу народите, а вие, господине Путин, можете да ја остварите со еден потпис денес. Дојде вистинското време,“ стои во писмото.

Како што објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извори од Белата куќа, Доналд Трамп лично му го предал писмото на Путин за време на нивната средба во воената база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ, Алјаска. Наводно, документот се однесува и на прашањето за исчезнати деца за време на украинскиот конфликт.

Во продолжение на писмото се нагласува:

„Како лидери, наша должност е да ги поддржуваме и штитиме децата. Тоа е обврска што оди далеку надвор од интересите на малкумина. Мора да тежнееме кон свет во кој секоја душа ќе може да се разбуди во мир, а иднината да биде безбедна и достоинствена.“

Да потсетиме, Киев неодамна испрати список од 339 деца за кои тврди дека биле однесени во Русија. Помошникот на претседателот на Руската Федерација, Владимир Медински, по средбите во Истанбул изјави дека многу од наведените деца никогаш не биле во Русија, дел од имињата припаѓале на возрасни, а одреден број деца веќе се вратени во Украина, при што процесот продолжува.

CATEGORIES
TAGS
Share This