ХРВАТСКА ГИ ОЛЕСНУВА ПРАВИЛАТА ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ – Сезонските дозволи до три години

Работодавците ќе можат полесно да ја менуваат професијата или работодавачот на странските работници.

ХРВАТСКА ГИ ОЛЕСНУВА ПРАВИЛАТА ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ – Сезонските дозволи до три години
Фото: Принтскрин

Хрватската влада достави до Парламентот измени на Законот за странски работници со цел усогласување со европските правила за единствена постапка за издавање дозволи за престој и работа.

Во 2025 година, бројот на издадени дозволи за престој и работа се намали на 170.723, што е за 17,3% помалку отколку во 2024 година. Намалувањето се должи на новите услови за добивање позитивно мислење од Хрватската служба за вработување.

Министерот за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, истакна дека новите правила бараат од работодавците да докажат економска активност, да одржуваат однос на домашни и странски работници и да плаќаат сите јавни давачки.

Главни промени во законот се полесна промена на дефицитарно занимање кај истиот работодавач и олеснета промена на работодавач во истото занимање без потреба за нова дозвола. Сезонските работници ќе можат да добијат дозволи до три години, со работа до 90 дена или девет месеци годишно за истиот работодавач во иста или сродна професија.

За продолжување на дозволата, странските работници ќе треба да го познаваат хрватскиот јазик. Работодавачот не смее да биде блокиран повеќе од 30 дена и мора да ги исполни сите обврски кон државата и вработените.

Исто така, законот ја регулира злоупотребата на тестовите на пазарот на трудот, со цел да се обезбеди реална распределба на странските работници и да се заштити домашната работна сила.

Статистика за 2025 година покажува дека с еиздадени вкупно 170.723 дозволи. Најмногу во туризмот и угостителството (52.858), градежништвото (52.776), индустријата (24.479), сообраќајот и комуникации (13.039) и трговија (8.601). Според типот на дозволи 80.365 се нови дозволи, 70.275 за продолжување и 20.083 за сезонски работници. Најмногу дозволи добиле граѓани на: БиХ, Непал, Србија, Филипини, Индија, Северна Македонија, Косово, Узбекистан, Египет и Бангладеш

CATEGORIES
Share This