ХРИСОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ Македонија го слави Божиќ

Со божиќни литургии во сите храмови на МПЦ одбележано Рождеството Христово, централно во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

ХРИСОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ Македонија го слави Божиќ
Фото: Национал

Христијанските верници денеска го одбележуваат еден од најголемите христијански празници – Божиќ, денот на раѓањето на Исус Христос, кој ја симболизира победата на светлината, мирот, љубовта и надежта.

Во сите храмови на Македонската православна црква утрово се служеа свечени божиќни литургии, а централното одбележување се одржа во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Со традиционалниот празничен поздрав „Христос се роди – навистина се роди“, верниците го прославија Рождеството Христово – Божиќ. На божиќната богослужба присуствуваа бројни верници, како и претставници на државниот врв.

По повод големиот празник, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, упати Божиќно послание до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, во кое им посака мир, здравје и Божји благослов, честитајќи го празникот со торжествениот поздрав – Христос се роди.

CATEGORIES
TAGS
Share This