ХЕГСЕТ НЕ ЈА ИСКЛУЧУВА ВОЈНАТА СО ИРАН Можно е да нападнеме и во Хормускиот теснец
Американскиот секретар за одбрана порача дека Вашингтон ги разгледува сите опции, додека Техеран возвраќа со остри пораки.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не ја исклучува можноста за употреба на воена сила против Иран, и покрај тоа што Вашингтон во моментов го засилува економскиот притисок врз Техеран.
„Во никој случај не ја исклучуваме можноста за воени напади, било каде во Хормускиот теснец или во близина на Иран“, рече Хегсет пред новинарите.
Тој оцени дека Иран не може долгорочно да го издржи силниот економски притисок од САД, додека Вашингтон најавува нови санкции и мерки за дополнително изолирање на иранската економија.
Во меѓувреме, претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач на Техеран со САД, Мохамед Багер Калибаф, порача преку социјалните мрежи дека Иран не им верува на американските закани и најави.
„Американците знаат дека никој нема да им верува на глупостите“, напиша Калибаф.
https://nacionalno.mk/ekonomski-den-d-za-iran-besent-na-avi-nevidena-finansiska-ofanziva-protiv-teheran/

