ХАОС НА ГРАНИЦА – Никој не очекуваше ваква гужва

Повеќе од 20.000 граѓани ја напуштиле државата за само 12 часа

ХАОС НА ГРАНИЦА – Никој не очекуваше ваква гужва
Фото: Национал

Километарски колони возила се формираа на граничните премини кон соседна Грција, а граѓаните на социјалните мрежи информираат за големи гужви на премините Богородица и Дојран.

Продолжениот празничен викенд значително ја зголеми фреквенцијата на патници, па во текот на само 12 часа синоќа повеќе од 20.000 македонски граѓани ја напуштиле државата.

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресурси за да се овозможи побрз проток и да се намалат задржувањата.

Ваквата состојба е вообичаена за време на празници и продолжени викенди, кога голем број граѓани одлучуваат слободните денови да ги поминат надвор од земјата.

CATEGORIES
Share This