ХАОС НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПАЗАРИ – Цените на нафтата растат
По нападите врз Иран, Брент и WTI надминаа 90 долари за барел, а Туск предупредува за вистинскиот победник

Фото: Принскрин
Полскиот премиер Доналд Туск предупреди на хаосот на енергетските пазари.
„Цените на нафтата растат, а Вашингтон би можел да ги укине санкциите врз руската нафта. Кој е вистинскиот победник тука?“
Пораката доаѓа во контекст на сериозни стравувања од прекини во снабдувањето од Персискиот Залив, особено преку Ормутскиот теснец, кој обично пренесува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас (LNG).
По почетокот на нападите од САД и Израел врз Иран, цените на нафтата нагло пораснаа за околу 9% во првите неколку дена. Во следните денови растот продолжи, па така цената на Брент надмина 90 долари за барел во петок, 6 март, додека американскиот WTI исто така затвори околу 90 долари, што претставува значителен неделен скок.
CATEGORIES Бизнис


