ХАМНЕИ УДРИ ПО САД И ИЗРАЕЛ Се обидуваат да го скршат Иран по воените порази

Иранскиот врховен лидер тврди дека САД и Израел водат кампања за дестабилизација преку поделби во земјата.

ХАМНЕИ УДРИ ПО САД И ИЗРАЕЛ Се обидуваат да го скршат Иран по воените порази
Фото: Принтскрин

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, изјави дека САД и Израел се обидуваат да предизвикаат внатрешни поделби во Иран како компензација за, како што наведе, нивните „воени порази“.

Во писмена изјава објавена во иранските медиуми, Хамнеи порача дека „непријателот“ преку воен притисок, економски санкции и пропаганда се обидува да создаде раздор во земјата, со цел да ја ослабне нацијата и да ја принуди на покорност. Тој повика на национално единство и кохезија, пренесува Ал Џезира.

Во меѓувреме, американски воени сили извршиле нови напади врз цели во Иран, при што, според американски функционер, биле соборени четири ирански беспилотни летала во близина на Хормутскиот теснец. Истиот извор наведува дека погодена била контролна станица во Бандар Абас, од каде што требало да биде лансиран и петти дрон. Нападите, како што е наведено, биле „одбранбени“ и насочени кон одржување на прекин на огнот што стапил на сила на 8 април.

Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда соопшти дека потоа извршил напад врз американска воздухопловна база во 4:50 часот по локално време, како одговор на американските дејствија во Бандар Абас, без да биде прецизирано која база била цел на нападот, јави агенцијата Мехр.

CATEGORIES
Share This