ХАЈРЕДИНИ ДИРЕКТНО – Заев е коренот на денешните проблеми

Хајредини потсетува на изјавите на Заев за марихуана и судските постапки против Телеком.

ХАЈРЕДИНИ ДИРЕКТНО – Заев е коренот на денешните проблеми
Фото: Принтскрин

Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии во една од првите влади по осамостојувањето на Македонија, кој денес е познат како политички коментатор, смета дека корените на актуелните случувања во земјата треба да се бараат во изјавите и политиките на поранешниот премиер Зоран Заев.

Хајредини на социјалните мрежи потсетува на изјавите на Заев поврзани со производството на марихуана за медицински цели, наведувајќи дека токму тој се фалел оти државата ќе инкасира околу 280 милиони евра од оваа дејност. Според Хајредини, тоа претставува своевиден контекст за актуелните акции на Министерството за внатрешни работи, при кои беа запленети големи количества марихуана на повеќе локации низ Македонија.

Во врска со аферата за изнесување „мозочно ткиво“ од медицински институции во земјата, која се појави по објавувањето документи поврзани со контроверзниот американски финансиер Џефри Епстин, Хајредини повлекува паралела со политичкото дејствување на Заев.

„За Македонија, ‘бомбите’ на Заев се како оние на Џефри Епстин за светот“, наведува Хајредини во објавата.

Тој се осврнува и на обновувањето на старата судска постапка поврзана со Македонски Телеком, иронично потсетувајќи на ветувањата на Зоран Заев од периодот кога беше премиер.

„Заев им ветуваше ‘искрена соработка’ и на новите директори на Телеком, исто како и во минатото, кога старите директори беа осудени од Окружниот суд во Њујорк поради исплата на повеќемилионски мито на високи македонски функционери“, нагласува Хајредини.

CATEGORIES
TAGS
Share This