ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ВО ПАД Издадени 38% помалку дозволи за градба

Во април се издадени 291 одобрение за градење, а најмногу дозволи има во Полошкиот и Скопскиот регион.

ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ВО ПАД Издадени 38% помалку дозволи за градба
Фото: Национал

Во април оваа година се издадени 291 одобрение за градење, што претставува пад од 38% во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Најголем број дозволи се издадени во Полошкиот регион – 83, по што следуваат Скопскиот со 72, Југозападниот со 32, Источниот со 28, Југоисточниот со 26, Пелагонискиот со 24, додека најмалку има во Североисточниот регион 3 одобренија.

Вкупната предвидена вредност на објектите изнесува 4.577.429.000 денари, што е намалување од 41,8% во споредба со истиот период лани.

Од издадените одобренија, 71,5% се однесуваат на високоградба (208 објекти), 9,3% на нискоградба (27 објекти), а 19,2% на реконструкции (56 објекти).

Во однос на инвеститорите, 67,7% се физички лица (197 објекти), додека 32,3% се деловни субјекти (94 објекти).

Според планираната изградба, предвидени се 722 станови со вкупна корисна површина од 65.663 квадратни метри. Најмногу станови се планирани во Скопскиот регион (261), потоа во Југозападниот (154), Вардарскиот (138), Полошкиот (107), Источниот (39) и Пелагонискиот (11).

CATEGORIES
Share This