ГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА – Алибаба бележи пад на профитот од 84%

Компанијата силно инвестира во AI модели, чипови и инфраструктура за податоци.

ГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА – Алибаба бележи пад на профитот од 84%
Фото: Принтскрин

Кинескиот технолошки гигант Alibaba Group пријави драматичен пад на основната профитабилност од 84% на годишно ниво во мартовскиот квартал, како резултат на засилени инвестиции во вештачка интелигенција, облачна инфраструктура и брза трговија.

Компанијата соопшти дека прилагодената EBITA паднала на 5,1 милијарди јуани (околу 750,9 милиони долари), додека трошоците за полупроводници, дата центри и развој на AI моделите Kwen значително ја намалиле заработката.

И покрај падот на профитот, приходите од одделот за услуги пораснале за 38%, додека AI сегментот забележал силен раст, со приходи од 1,32 милијарди долари.

Извршниот директор Еди Ву истакна дека вештачката интелигенција брзо станува клучен двигател на растот и веќе учествува со 30% во приходите на Cloud Intelligence дивизијата, со очекување да надмине 50% во следната година.

Алибаба најави и дополнителни капитални вложувања во AI инфраструктурата во следните години, надминувајќи го претходниот план од 55,9 милијарди долари.

И покрај притисокот врз профитабилноста, компанијата бележи силна експанзија во облак услугите и брзорастечкиот AI сегмент, кој продолжува да носи троцифрен раст веќе 11 квартали по ред

CATEGORIES
Share This