ГОЛЕМ РЕЗ НА КАМП НОУ Барселона продава пет ѕвезди, вредат неверојатни 175 милиони евра

Флик дал зелено светло за продажба на петмина фудбалери, а Каталонците имаат уште само седум дена за нови потези на трансфер-пазарот.

ГОЛЕМ РЕЗ НА КАМП НОУ Барселона продава пет ѕвезди, вредат неверојатни 175 милиони евра
Фото: Принтскрин

Шпанскиот шампион Барселона летово направи значителни промени во својот состав, но Каталонците сè уште не завршиле со активностите на трансфер-пазарот. До затворањето на летниот преоден рок остануваат уште седум дена, а клубот би можел да приреди нови изненадувања.

Според информациите, дури петмина фудбалери би можеле да го напуштат „Камп Ноу“ во последната недела од преодниот рок. Станува збор за Френки де Јонг, Хектор Форт, Марк Касадо, Жил Кунде и Алекс Балде.

Нивната вкупна пазарна вредност, според „Трансфермаркт“, се проценува на околу 175 милиони евра. Наводно, тренерот Ханси Флик дал зелено светло овие играчи да бидат ставени на трансфер-листата, што отвора можност за сериозна реконструкција на тимот до самиот крај на преодниот рок.

Барселона веќе имаше голем број заминувања ова лето, со повеќе од десетмина фудбалери кои го напуштија клубот, меѓу кои и Роберт Левандовски, Феран Торес, Марк-Андре тер Штеген и Роналд Араухо.

Од друга страна, Каталонците го засилија составот со Родри, Ентони Гордон, Карим Адејеми и Жоао Кансело, но трансферната активност очигледно не е завршена. Клубот планира да доведе и нов напаѓач, па последната недела од преодниот рок може да донесе уште неколку големи промени во составот на Барселона.

CATEGORIES
Share This