ГОЛЕМ ПРЕСВРТ Трамп најави средба со Иран во Доха, Техеран веднаш возврати со поинаква верзија

Американскиот претседател тврди дека средбата е закажана за утре, додека Техеран вели дека техничките разговори сè уште не се потврдени.

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ Трамп најави средба со Иран во Доха, Техеран веднаш возврати со поинаква верзија
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека американска делегација утре, на 30 јуни, ќе има средба со претставници на Иран во Доха, главниот град на Катар.

„Иран побара состанок. Тој ќе се одржи утре во Доха“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој не открива дополнителни детали за темите на разговорите.

Претходно, агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на извор запознаен со разговорите, објави дека американските и иранските технички тимови кои работат на спроведување на меморандумот за разбирање треба да се сретнат во Доха во наредните денови.

Сепак, од Техеран пристигна поинаква информација. Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека не е закажана средба на техничката работна група меѓу Иран и САД.

Тој нагласи дека консултациите меѓу Иран и Катар во врска со обврските на Соединетите Американски Држави продолжуваат според предвидениот план, но оти засега нема потврда за разговори на техничко ниво меѓу иранските и американските претставници во Доха.

ТРАМП СО ИТНО ОБРАЌАЊЕ Иран го прекрши примирјето, нова криза се заканува во Хормускиот теснец

CATEGORIES
Share This